„Анплагд“ настап во живо на Били Ајлиш во Соработка со Telekom Electronic Beats

Фото: Интимниот концерт на Били Ајлиш целосно достапен на барање © Дојче Телеком, Пејман Ажари

На 1 јуни, добитничката на Греми и Оскар, Били Ајлиш, приреди незаборавно шоу како дел од турнејата Telekom Electronic Beats. Пред официјалниот почеток на нејзината европска турнеја, 20-годишната изведувачка одржа ексклузивен настап во салата „Телеком Форум“ во Бон, заедно со нејзиниот брат FINNEAS. Двајцата изведоа специјално акустично шоу пред околу 1.900 восхитени обожаватели.

Оние обожаватели коишто не можеа да бидат таму сега имаат можност да го доживеат концертот на eb.tv, YouTube каналот на Telekom Electronic Beats и MagentaMusik. Македонските фанови ќе може да го видат концертот на MaxTV видеотека.

Незаборавното шоу, коешто траеше околу 55 минути, ја поведе публиката низ двата прославени албуми „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“ и „Happier Than Ever“. Придружувана од својот брат FINNEAS, Ајлиш претстави соголена верзија од своите светски хитови како „Ocean Eyes“, „Bad Guy“ и „Happier than ever“.

За Улрих Кленке, Главен директор за бренд во Дојче Телеком, настапот во живо е круна на соработката со Били Ајлиш: „Концертот произлезе од нашите иницијативи со уметницата за 'What We Do Next' и 'Futureproof'. Били ги инспирира младите да тргнат по нови патишта на иднината. Вечерашниот концерт уште еднаш докажа: Големите нешта се создаваат преку заемни искуства. Како меѓународна музичка платформа, Telekom Electronic Beats сака да продолжи да се развива во оваа насока“.

*Промотивен текст

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Read more

Музика

Откриена причината за смртта на Масимо Савиќ

Read more

8 декември 1980 – убиен бил Џон Ленон

Read more

Шакира демантира дека е во нова љубовна врска

Read more

Hladno pivo со настап во МКЦ на 9 октомври

Read more
 

Видео

  • play_arrow

Фејл компилација со мајмуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација: Кога идиоти вежбаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Само британски фејлови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејлови кои не завршија добро

Читај повеќе
  • play_arrow

Снежна фејл-компилација (II дел)

Читај повеќе
  • play_arrow

Снежна фејл-компилација

Читај повеќе

Откриена причината за смртта на Масимо Савиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Најшокантните фејлови во 2022

Читај повеќе