Антистрес мачки на работното место во Јапонија

Една компанија во Јапонија, земја позната по долгото работно време и стресната хиерархиска дисциплина, пронашла терапија за намалување на стресот фокусирана на користењето на мачки, пренесуваат светските агенции.

Во малата токиска канцеларија на информатичката компанија Ferray, девет мачки скокаат на колената на вработените, се шетаат по тастатурите, спијат, јадат и слободно се движат низ просторијата. Директорот на компанијата, Хиденоби Фукуда вовел своја политика за „мачки во канцеларија“ во 2000 година, на барање на еден од своите соработници и им дозволил на вработените да доаѓаат на работа со своите мачки.

И други јапонски компании се насочија кон употребата на животни за намалување на стресот и тензиите на работните места. Во јапонскиот огранок од компанијата Oracle, кучето кое се вика Кенди, стана нивен „амбасадор, задолжен да дочекува гости и да ги смирува вработените“ стои на нивната веб страна.

Oracle во Јапонија има куче во работните канцеларии уште од 1991 година и Кенди, кое е четврто куче досега во оваа компанија и исто така има свој Twitter и Instagram профил.

Компанијата за човечки ресурси, Pasona Group, пак, со полно вработно време вработила „две кози“ во 2011 година. Низ Токио, пак, има околу 60-тина кафулиња каде е дозволено да се движат мачки и тие слободно шетаат помеѓу клиентите.

реклама

Што се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Read more

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Поради стечајот на Еуростандард банка од денеска АД „Пошта“ не може да ги обезбеди финансиските услуги

Read more

Франција со воено присуство се вмешува во грчко-турскиот спор

Read more

Живот

Кои хороскопски знаци важат за уредни, а кои уживаат во хаос?

Read more

Поради епидемилошките мерки, шведско-норвешка двојка се венчаше на граница

Read more

На денешен ден, пред 75 години, жените во Југославија се стекнаа со право на глас

Read more

Арнолд Шварценегер стана дедо

Read more

Магазин

Малку допири, многу уживање: Идеална секс поза за летните денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Кралица на летото: Зошто треба да јадете пченка?

Читај повеќе

Научно докажано: Дали стресот навистина дебелее, а плачењето помага за слабеење?

Читај повеќе

Ручек како од ресторан: Ароматично телешко со шампињони

Читај повеќе
  • filter

Мачки кои им пркосат на законите на физиката

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ќе се случи ако не јадете ништо цели седум дена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Несекојдневна глетка: „Стампедо“ од делфини во Калифорнија

Читај повеќе

Дизајн за авионите по пандемијата: Повеќе простор, помалку контакти

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци важат за уредни, а кои уживаат во хаос?

Читај повеќе