Апасиев и Левица среде Кукуш му оддадоа чест на Гоце Делчев

Синоќа официјална делегација на Левица, предводена од претседателот проф. Димитар Апасиев, за прв пат во политичката историја на независна Македонија, го посети градот Кукуш (Грција) – родното место на овој апостол на македонското револуционерно движење.

Во стариот дел на градот, каде што се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Делчев, делегацијата составена од членови на ЦК на Левица оддаде почит, положи свежо цвеќе и одржа пригодна беседа, во знак на незаборав и непокор на македонската кауза.

„Нема родендени со премолчени места на раѓање!
Нема родендени со наведнати глави!
Нема родендени со страв од името на Славеникот!
И досега можеа да дојдат овде Учителе, во твоето родно место, во Кукуш – градот на Делчев и на Влахов, ама се плашеа од твојот прекор, оти си ги продадоа душите, ја запустија земјата и се одрекоа од себе си“, велат од Левица.

„Македонија денес е оваа нова освестена генерација предводена од Левица, составена од млади и борбени луѓе, кои на Твојот роденден во Твојот роден Кукуш го носи крикот на обесправените, понижените и негираните! Ама, го носиме и заветот кој извира од утробата на Македонија – дека не е доцна да се исправиме и да си ја сетиме силата“.

„Додека националните изроди коленичат пред амбасадите во Скопје, ние – здружени во Левица – го следиме Твојот пат! Одлучно тргнавме по патеката на правдата, националното достоинство и надежта на обесправените – пат кој единствено води до светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Тргнавме лево, почитувајќи ја народната волја, и стигнавме до колевката на Македонското револуционерно движење. Среќен ти роденден, Учителе!“, стои во објавата на Левија, политичката партија која во собранието има два пратеника и чиј рејтинг постојано расте.

реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Македонија

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Read more

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Read more

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Read more

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе