Апелација ја одби жалбата на Мијалков за одредениот притвор

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Сашо Мијалков во предметот „Таргет – Тврдина“ и го потврди решението за притвор како мерка за обезбедување присуство.

-Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина“ по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

Вака донесената одлука, како што е посочено во соопштението од Апелацискиот суд Скопје, ќе биде објавена во целост на веб страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков на 26 февруари годинава доби затворска казна во траење од вкупно 12 години за случајот „Таргет-Тврдина“ за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание. Судот одлучи да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков, до правосилноста на пресудата.

реклама

Ги забележавте ли синоќа светлечките објекти на небото?

Read more

Четири хороскопски знаци на кои мај им носи среќа во љубовта

Read more

За да ја задоволи сопругата, Србин направи куќа која се врти

Read more

Нема начин да се спречи удар од голем астероид

Read more

Хроника

Две лица пронајдени мртви во семејниот дом во Скопје

Read more

Во близина на мостот „Гемиџии“ во Велес извлечен човечки труп од Вардар

Read more

Две години и 5 месеци затвор за уште една обвинета во случајот „Двојник“

Read more

„Двојник“: Затворска казна за уште еден обвинет кој издавал лажни пасоши

Read more
 

Вести

Бочварски: Семејството на Верица Белчовска ќе добие стан во Струмица

Читај повеќе

Пендаровски: Не заговарам ревизија на судскиот процес, туку граѓанско помирување

Читај повеќе

Мицкоски по средбата со Пендаровски: Не барам амнестија, туку правда

Читај повеќе

СЗО ја одобри вакцината Sinopharm за итна употреба

Читај повеќе

Две лица пронајдени мртви во семејниот дом во Скопје

Читај повеќе

Нови 234 случаи, 25 починати, најмладиот на 27 години

Читај повеќе

Во близина на мостот „Гемиџии“ во Велес извлечен човечки труп од Вардар

Читај повеќе

Во Грција од 14 мај со негативен ПЦР тест или со потврда за вакцинација

Читај повеќе

ЕМА го разгледува лекот сотровимаб како терапија против COVID-19

Читај повеќе