Ар Кели уапсен за детска порнографија и трговија со секс робинки

Аренби пејачот Ар Кели е уапсен откако против него беа поднесени нови обвиненија за кршење на федерални закони поврзани со детска порнографија и трговија со луѓе.

Педесет и двегодишниот музичар беше уапсен синоќа во Чикаго по 13 обвиненија и се очекува да биде префрлен во Њујорк.

Портпаролот на Јавното обвинителство на САД Џозеф Фицпатрик соопшти дека во обвинението поднесено во федерален суд во Илиноис има точки за детска порнографија и попречување на правдата.

„Меѓу обвиненијата има точки за производство, поседување и дистрибуција на детска порнографија, подведување малолетници, попречување на правдата и трговија со секс робинки“, рече Фицпатрик.

Ова беше второ апсење за Ар Кели годинава по обвиненија за сексуални прекршоци.

Добитникот на Греми, чие вистинско име е Роберт Кели, беше уапсен во февруари по 10 точки, откако четири жени сведочеа дека сексуално ги злоставувал. Три од нив биле малолетни кога се случил нападот.

Тој тогаш се изјасни за невин и беше пуштен на слобода со платена кауција.

На 30 мај, обвинителите во Кук Каунти додадоа уште 11 точки на обвинението за сексуално злоставување на малолетно лице.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Српски туристи избркани од грчкиот остров Евија

Read more

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на COVID-19

Read more

Видеоиграта Super Mario Bros. од 1985 година продадена на аукција за 114.000 долари

Read more

Музика

Далај Лама објави нова песна

Read more

Виери, Вентола и Адани снимија песна

Read more

Дуа Липа сака да сними дует со Мадона

Read more

Џастин Бибер обвинет за силување

Read more

Сцена

  • play_arrow

Како Шарлиз Терон вежбаше за акционите сцени во „The Old Guard“

Читај повеќе
  • play_arrow

Пријателите им помогнаа на „Ласт експедишн“ да направат спот за култната песна „Шефе“

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот мак-рок бенд „Mayday“ ја објави својата прва нумера

Читај повеќе

Џез концерт на отворено во Сули ан: Today it’s all about jazz

Читај повеќе

Наја Ривера најверојатно се удавила, потрагата продолжува

Читај повеќе

Семејно советување ги подобри односите меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли

Читај повеќе
  • play_arrow

Стигна трејлерот за продолжението на Netflix хитот „The Kissing Booth“

Читај повеќе
  • play_arrow

„Love on the Spectrum“ – каков е светот на љубовта за луѓето со аутизам?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов сингл на Љубојна  - „Љубов по Татунчо“ за македонскиот филм „Стела“

Читај повеќе