Арнаутовиќ се извини на македонски и албански јазик: „Не сум расист“

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска се извини поради вербалниот инцидент што го предизвика на вчерашниот дуел од ЕУРО 2020 против македонската репрезентација, дообјаснувајќи дека неговото однесување било непримерно, но оти „не е расист“.

Арнаутовиќ со својот гол во 89. минута стави печат на вчерашниот триумф на Австрија од 3:1 по што беше снимен од една од камерите крај теренот како со погрдни зборови се обраќа кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, додека капитенот Давид Алаба се обидуваше да го замолчи својот соиграч.

– На вчерашниот натпревар имаше некои жешки зборови искажани во емоција за кои би сакал да се извинам, особено на моите пријатели од Македонија и Албанија, Би сакал да кажам една работа многу јасно. Не сум расист! Имам пријатели речиси насекаде во светот и се залагам за различности. Секој, кој ме познава е свесен за тоа, напиша Арнаутовиќ на својот Instagram профил, завршувајќи го обраќањето со извинување на македонски и на албански јазик.

Претходно, Арнаутовиќ ненајавено се појави на денешната прес – конференција на австриската репрезентација во Букурешт со цел, како што наведе, да дообјасни некои детали поврзани со инцидентот.

– Се радував (по постигнувањето на голот) и пристигнаа зборови што ме здоболеа. Беше тоа едноставна, емотивна расправија. На сите, кои се чувствуваат навредени, можам да им кажам дека ми е жал. Дајте да заборавиме, на тоа не му е место во фудбалот, изјави Арнаутовиќ.

Читајте наредно: Срам за репрезентацијата: Зошто Арнаутовиќ брутално ги пцуеше македонските фудбалери?

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе