ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Арсенал со шокантен пораз веројатно ја испушти Лигата на шампионите

Фудбалерите на Арсенал со шокантен пораз од Њукасл на гости најверојатно го загубија местото во Лигата на шампионите, кое до синоќа речиси го имаа и зависеше најмногу од нив самите.

Арсенал беше речиси сигурен во Лигата на шампионите. Сепак, двата пораза во рок од четири дена од Тотенхем и Њукасл ги натераа „Топчиите“ да имаат само математички шанси пред последното коло.

Гостите направија неколку полушанси на стартот, но потоа Њукасл заигра многу подобро и со одлична офанзива изведе 8 корнери до полувремето. Сепак, изостанаа поголеми шанси и голови.

Второто полувреме целосно им припаѓа на „Страчките“. Во 55. минута, одличен контра напад на домашните, Жоелинтон асистираше кон капитенот Калум Вилсон, но пред него топката во сопствената мрежа ја испрати Бен Вајт, стоперот на Арсенал.

Следуваа уште неколку одлични можности за Њукасл, а најдобрите ги пропушти Вилсон кој двапати шутираше над глот на Арон Рамсдејл, но топката мина покрај голот и Бруно Гимараеш во 85. минута.

На четири минути пред крајот Бруну Гимарајс налета на една одбиена топка и ја смести во мрежата за конечни 2:0.

Remote video URL

Оваа победа на Њукасл значи дека Тотенхем најверојатно ќе оди во Лигата на шампионите. Најголемиот ривал на Арсенал има два бода повеќе во пресрет на последното коло и игра против најслабиот тим во лигата, Норич, кој одамна испадна.

На Тотенхем му треба само бод против Норич бидејќи има подобра гол-разлика од Арсенал за дури 15. Во Англија, за разлика од другите големи европски лиги, при ист број на бодови не одлучува меѓусебниот дуел туку вкупната гол-разлика.

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Фудбал

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Read more

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Read more

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Read more

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Read more
 

Спорт

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Читај повеќе

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Читај повеќе
  • play_arrow

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Читај повеќе

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе