AstraZeneca најави нов лек против COVID-19

Експериментален лек на компанијата AstraZeneca, коктел од антитела против коронавирусот, спречува тешки форми на инфекција и смртен исход кај хоспитализираните пациенти, покажаа резултатите од студија во завршна фаза, соопштија од оваа британска компанија.

Лекот наречен AZD7442 го намалува ризикот од развивање тешки форми на инфекција и смртен исход кај 50% од пациенти со симптоми на COVID-19 на седум дена или пократко, пренесе Reuters.

„Раната интервенција со антитела може значајно да ја намали прогресијата на тешки форми на болеста, со континуирана заштита подолга од 6 месеци“, потврди Мене Пангалос, извршен потпретседател за биофармациски истражувања и развој во компанијата астра зенека.

Додаде дека компанијата ќе даде увид кај надлежните институции за сите податоци.

AstraZeneca исто така развива коктел од лекови за терапија на заболени кои немаат доволно силен имунолошки одговор, а се вакцинирани против корона. Минатата недела компанијата поднесе барање за итна употреба кај Американското регулаторно тело за храна и лекови.

Тагови
реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе