Атлетико го отвори новиот стадион, Гризман се запиша во историјата (Видео)

Атлетико Мадрид со минимален триумф над Малага (1:0) ги отвори портите на својот нов, ултра модерен стадион „Ванда Метрополитано“. Првиот гол на новиот стадион го постигна најдобриот играч на „јорганџиите“, Антоан Гризман.

Мадридски Атлетико на 16 септември 2017 година започна нова ера во својата богата фудбалска историја. Клубот, по 51 година го напушти култниот стадион „Винсенте Калдерон“ и во иднина ќе игра на ултра модерниот „Ванда Метрополитано“.

Изградбата на стадионот чинеше околу 240 милиони евра, има капацитет од 67.700 седишта, а според информациите од клубот сезонава има продадено 50.000 претплатени билети. Првиот противник кој на Атлетико му гостуваше во новиот дом беше Малага, тим кој нема освоено бод и кој има постигнато само еден гол во првенството.

„Јорганџиите“ тешко стигнаа до триумф против последнопласираната екипа на табелата. Во првиот дел Атлетико не можеше да го пробие бункерот на гостите, кои имаа една добра шанса, но Облак не дозволи да биде совладан.

Во второто полувреме Малага малку ја отвори својата игра, но и тогаш Атлетико тешко го наоѓаше патот до голот на противникот.

Клучниот момент на мечот се случи во 61. минута кога Аргентинецот Анхел Кореа по десната страна мина двајца противнички играчи, а на нафрлената топка налета Антоан Гризман и ја смести во голот.

Најдобриот играч на Атлетико го запиша своето име во историјата на новиот стадион, како стрелец на првиот гол на „Ванда Метрополитано“.

Возбудувања потоа немаше до самиот финиш, кога напаѓачот на Малага, Ролан, од изгледна позиција упати силен удар, но Облак повторно не дозволи да биде совладан.

Атлетико во наредното коло, во среда, ќе гостува на „Сан Мамеш“ кај Атлетик Билбао.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе