Атлетико со последен обид да го задржи Гризман

Мадрид, 14 мај 2018 (МИА) - Раководството на Атлетико Мадрид упати последен предлог кон ѕвездата на тимот Антоан Гризман во обид да го разубеди следната сезона да го облече дресот на Барселона. Тоа изгледа како последен „очајнички потег“ на шефовите на „јорганџиите“, тврди „Кадена Копе“. 


Медиумите во Шпанија се категорични дека францускиот напаѓач одамна дал согласност да се пресели на „Камп Ноу“ во текот на летото. Понудата за плата од повеќе од 20 милиони евра е рекорд за Атлетико и клубот нема да упати друга понуда.
 
Од 1 јули Гризман ќе може да биде откупен при исплата на клаузула од 100 милиони евра. Вчера шпанското издание „Спорт“ објави дека Барселона дури понудила да даде 115 милиони евра, но да добие право да го плати износот на рати. По правило, при активирање на клаузулата, целата сума треба да биде поднесена во Шпанската фудбалска федерација, но каталонците се загрижени дека нема да можат да извадат толку многу пари одеднаш.
 
Гризман молчи на оваа тема и не кажува ништо за неговите планови. Нему му останува уште само еден натпревар со Атлетико, по што заминува на камп со тимот на „петлите“ пред почетокот на Светското првенство.
 
Во исто време, новинарот Антонио Руиз од „Кадена Копе“ тврди дека човек од управата на Атлетико му рекол дека трансферот на голгетерот во Барса е сигурен и ќе биде објавен по завршувањето на шампионатот во Шпанија.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе