Авиокомпанија воведува зони без деца, мислењата се поделени

Макфакс
/ 07.11.2023 / 17:14

На интернет почна жестока дебата откако една авиокомпанија воведе таканаречена зона без деца.

Иако никој не ужива со часови да седи покрај расплакано дете, некои се прашуваат дали забраната за влез во делови од авионот е прифатливо решение за децата.

„Авиокомпаниите очигледно размислуваат да воведат зони без деца во авионите, но навистина е тажно колку малку луѓето имаат толеранција за бебињата и децата. Толку многу што се однесуваат како да не им е местото во јавноста“, се вели во објавата со која започна дебатата.

Свое мислење дадоа повеќе од сто луѓе.

„Забележав дека луѓето во јавноста се лутат на децата повеќе од кога било досега. Обично им се смеете, но сега тоа се менува. Тоа е чудно и тажно“, напиша една личност.

Некои коментираат дека мислат оти идејата за воведување зони без деца е одлична бидејќи „не сакаат да толерираат врескање на бебиња на повеќечасовен лет“.

„Мислам дека сето ова што се случува е мотивирано од промените во родителството. Кога бев тинејџер, децата беа совршено воспитани. Денеска има сѐ повеќе деца, а нивните родители не се симнуваат од мобилните“, вели друг.

Трет додаде дека „наместо да се жалат на луѓето кои лошо реагираат на однесувањето на децата, тие треба да се фокусираат на учење на нивните деца како да се однесуваат во јавност“.

Дебатата е резултат на најавата на турската авиокомпанија Corendon Airlines дека делови од нивните авиони ќе бидат само за возрасни, што значи дека малите деца нема да бидат дозволени со нив.

На летовите меѓу Амстердам и островот Курасао, од завчера предниот дел на авионот е физички одвоен од остатокот од авионот.

„Ѕидовите и завесите создаваат заштитена средина што придонесува за мирен и релаксиран лет“, објаснуваат од компанијата, додавајќи дека во зоната за возрасни има девет XL седишта со дополнителен простор за нозете и 93 стандардни седишта.

Резервација на место во зоната за возрасни е возможна само за лица над 16 години и чини 45 евра во стандардната зона и 100 евра во зоната XL.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Свет

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Read more

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Read more

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Read more

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Читај повеќе

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Читај повеќе

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Читај повеќе

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

Читај повеќе