Авиосообраќајот во Европа ќе биде многу потешко погоден од корона-кризата отколку што мислевме

Воздушниот сообраќај во Европа годинава, поради пандемијата со COVID-19, ќе биде многу потешко погоден отколку што првично се очекуваше, соопшти денеска „Еуроконтрол“.

„Вкупниот број на летови во Европа се очекува да биде 55 проценти помал отколку во 2019 година, што е шест милиони летови помалку, односно за милион летови повеќе отколку што првично беше планирано“, соопшти „Еуроконтрол“, европската меѓувладина организација надлежна за координација на управувањето со воздушниот сообраќај во Европа.

Вкупните загуби за авиокомпаниите и аеродромите годинава може да достигнат 140 милијарди евра, 30 милијарди повеќе од априлската проценка.

„Еуроконтрол“ во април очекуваше постепено закрепнување на воздушниот сообраќај до крајот на годината, но тоа сценарио веќе не е веројатно по застојот во август. Во следните месеци, воздушниот сообраќај треба да биде околу 40 до 50 проценти од нормалниот, што значи дека сообраќајот во текот на целата година може да биде помал за 55 проценти, или за шест милиони летови помалку, пресмета „Еуроконтрол“.

Генералниот директор на „Еуроконтрол“, Имон Бренан, се пожали на недостаток од  „координација меѓу земјите-членки“.

-Постои голема конфузија и многу мала доверба на патниците, како што расте бројот на лица заразени со коронавирус. Сегашното сценарио може да се подобри доколку постои поголема координација меѓу земјите-членки за тоа како најдобро да управуваат со воздушниот сообраќај преку усогласен пристап кон тестирање и заеднички проценки на епидемиолошките критериуми. Со тоа ситуацијата ќе стане попредвидлива за патниците, аеродромите и авиокомпаниите. Во исто време, ситуацијата може да се влоши доколку државите продолжат да воведуваат општи ограничувања и карантински мерки – овој пристап ја убива туристичката индустрија, рече Бренан.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе