Автомобилите на Peugeot ќе добијат гласовен асистент базиран на ChatGPT

Peugeot има намера да им понуди чет-бот со вештачка интелигенција на своите купувачи на автомобили во Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство, а потоа и пошироко во втората половина од годината.

Сè поголем број производители на автомобили, вклучително и Mercedes-Benz и Volkswagen, додаваат гласовни асистенти базирани на ChatGPT со цел да ја подобрат безбедноста на патиштата и да им помогнат на клиентите.

„Тоа е нова функција која ви овозможува да ги контролирате системите на автомобилот додека ги држите рацете на воланот и гледате на патот. Тоа ќе ни помогне да одговориме на различни прашања и теми“, вели Жером Мишерон, директорот за производи на Peugeot.

Кога возачот ќе го активира гласовниот асистент OK Peugeot, тој ќе може да одговара на различни прашања, од навигација до интеракција со патниците на различни теми со помош на разговорна вештачка интелигенција.

Mercedes-Benz е првиот производител на автомобили што во јуни им понуди верзија на ChatGPT на американските клиенти како дел од тримесечниот бета тест. Компанијата ги користи наодите за да ја подобри технологијата пред да ја понуди на други пазари.

Volkswagen го демонстрираше својот нов гласовен асистент врз база на ChatGPT на новиот електричен седан ID.7 минатиот месец за време на CES во Лас Вегас. Овој асистент ќе стане стандарден во многу модели на Volkswagen почнувајќи од вториот квартал на оваа година.

Тагови
реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Авто новости

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Read more

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Read more

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Read more

Како настана првиот пикап на Балканот?

Read more
 

Автомобили

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе

Електричниот Volkswagen Golf GTI ќе биде „чудовиште“

Читај повеќе
  • play_arrow

Во друштво на суперспортските автомобили сега е и De Tomaso P72

Читај повеќе

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе