Автомобилски брендови со најлојални купувачи

Најновите анализи покажаа дека Mercedes е највредниот автомобилски бренд на светот, но тоа не значи дека овој бренд има и најверни купувачи.

Според опсежното истражување што го спроведе американскиот портал за автомобили Edmunds, најлојални се купувачите на јапонски автомобилски брендови бидејќи кога купуваат нов автомобил се одлучуваат за понов модел на истиот јапонски бренд што веќе го имаат.

Истражувањето во кое беа опфатени 13,9 милиони возила купени во периодот од 2007 до 2017 година, покажа дека најлојални се купувачите на Toyota, Subaru и Honda.

Меѓу првите пет се и два американски автомобилски брендови - Ram и Chevrolet.

Резултатите покажуваат дека во 2017 година дури 63% од сопствениците на Toyota се одлучиле повторно да купат возило од истиот производител, а во случајот на Subaru за истиот бренд се одлучиле 61% од сопствениците на возила, додека кај Honda 60%.

Најмала „верност“ на брендот покажале сопствениците на возила од производителите на MINI, FIAT, Mitsubishi, Chrysler, Smart и Dodge.

Нов модел на Mitsubishi пак би купиле само 21% од старите сопственици, за Smart повторно би се одлучиле 19%, а за Chrysler само 16% претходни корисници на возила од овој бренд.

Кога станува збор за премиум брендови, и тука на врвот е еден јапонски автопроизводител. Најлојални купувачи се сопствениците на Lexus - 51% од актуелните сопственици на возило од овој бренд повторно би се одлучиле за него.

По него следат купувачите на Audi (47%) и на Land Rover (40%). Највредниот автомобилски бренд на светот Mercedes е на четврто место со 39%.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе