Баерн за нов тренер размислува за човекот што им го нанесе најболниот пораз во историјата

Иако беше најавено дека Томас Тухел ќе остане тренер на Баерн до крајот на сезоната, баварскиот клуб размислува за привремени алтернативи, а едно име е апсолутно изненадувачко.

Според угледниот новинар на германски Sky Sport, Флориан Плетенберг, Баерн размислува за Оле Гунар Солскјер* како потенцијално привремено решение.

(*Всушност правилниот норвешки изговор е Уле Гунар Сулшер.)

На поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед моментално му истекува договорот и е подготвен да започне нов проект, а спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, наводно со години го следи норвешкиот стручњак.

URL

Сепак, големо прашање е како би реагирале навивачите на Баерн на евентуалното доаѓање на Солскјер, бидејќи ова е човекот кој на Баварците им го нанесе најболниот пораз во историјата.

Секако, станува збор за епското финале на Лигата на шампионите во 1999 година кога Баерн до крајот водеше против Манчестер Јунајтед со 1:0, а потоа „Црвените ѓаволи“ направија пресврт со головите на Теди Шерингам во 90+1 и Оле Гунар Солскјер во 90+3.

Солскјер е без клуб откако доби отказ од „Олд Трафорд“ во 2021 година и моментално е вработен како технички набљудувач на УЕФА, што подразбира присуство на натпреварите од Лигата на шампионите и давање извештаи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе