Бајден ненајавен во Киев: Путин мислеше дека ќе издржи подолго од нас

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ненајавено пристигна во главниот град на Украина, Киев. Тој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленски во претседателската резиденција во главниот град на Украина.

За време на ненадејната посета на Киев, Бајден најави нов пакет помош за Украина во вредност од половина милијарда долари. Обраќајќи им се на новинарите заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој најави дека пакетот ќе вклучува воена опрема - артилериска муниција, хаубици и рачни противтенковски ракети од типот Javelin.

Бајден: Една година подоцна, Киев е сè уште тука

Во своето обраќање Бајден зборуваше за издржливоста на украинската армија во моментот кога војната влегува во втората година: „Една година подоцна, Киев е сè уште тука. Украина сè уште е тука. Демократијата е сè уште тука“.

„Киев зазема посебно место во моето срце“, рече Бајден и продолжи да ја фали украинската војска.

„Сите тие се кренаа во одбрана на својата земја за да направат нешто. Направија неверојатни дела и тоа го гледа целиот свет. Ова е најголемата копнена војна во Европа во последните 75 години и успеавте да се спротивставите иако никој не го очекуваше тоа. Убедени сме дека ќе продолжите да победувате.“

„Кога Путин ја започна инвазијата пред речиси една година, мислеше дека Украина е слаба и дека Западот е поделен. Мислеше дека ќе издржи подолго од нас. Тој направи голема грешка“, додаде Бајден во своето обраќање до јавноста.

„Жалиме за семејствата кои ги загубија своите најблиски. Целта на Русија беше да ја избрише Украина од мапата, а освојувачката војна на Путин не успеа. Руската армија изгуби половина од освоената територија. Тоа не се војници, туку луѓе кои бегаат од самата Русија затоа што не гледаат иднина во таа земја. Руската економија е во тешка ситуација.

Путин сметаше на тоа дека нема да бидеме обединети како НАТО, дека нема да можеме да ја одбраниме Украина, мислеше дека може да не надживее, дека може да издржи подолго.

Една година подоцна имаме докази, стоиме заедно, обединети. Господине претседателе, се надевам дека ќе можам да ви се оддолжам со ваѓа посета на Вашингтон. Ни рековте дека немате страв. Вие и сите Украинци секојдневно го потсетувате светот што значи храброст. Нè потсетувате дека слободата е бесценета“, рече Бајден.

Зеленски: „Преговорите беа важни, плодни и клучни“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денешните разговори со неговиот американски колега биле „клучни“ и „плодни“.

„Се надеваме дека оваа година ќе стане година на победа“, рече Зеленски, додавајќи дека ќе продолжи да прави сè што е можно „демократскиот свет да ја добие оваа историска битка“.

„На Украина ѝ претстои многу тежок период“, рече Зеленски, додавајќи дека со помош на САД и остатокот од светот ќе постигнат „историски достигнувања“.

„Денешните преговори беа важни, многу плодни и клучни. Тоа дефинитивно ќе се почувствува на бојното поле“, додаде Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека со Бајден разговарал и за испраќање оружје со долг дострел, како и за друго оружје што Украина се уште не го добила.

„Важна е и реконструкцијата и инсистирањето на правдата. Агресорот мора да ја преземе одговорноста за агресијата и да ја надомести штетата“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се уште еднаш на САД за поддршката.

Посетата, која не беше најавена поради безбедносни причини, е прва посета на Бајден на Украина од почетокот на руската агресија врз таа земја.

Непосредно пред да биде потврдена веста дека американскиот претседател Џо Бајден пристигнал во Киев, се огласиле сирените за воздушен напад, пренесува Deutsche Welle.

Малку по 13 часот, BBC доби потврда дека Џо Бајден го напуштил Киев.

реклама

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Read more

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more
 

Вести

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе