Американскиот претседател Џо Бајден повторно е позитивен на коронавирусот, нешто повеќе од три дена откако доби дозвола да излезе од изолација поради претходна инфекција, соопшти Белата куќа.
Лекарот од Белата куќа, Кевин О'Конор, рече дека Бајден е „симптоматичен и се чувствува прилично добро“.
Во согласност со упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Бајден повторно ќе мора да биде во изолација најмалку пет дена.
Според Центарот, повеќето случаи на враќање на инфекцијата остануваат благи и во тој период не се манифестираат тешки симптоми.