Бајден: САД ќе одговорат, доколку Северна Кореја ги зголеми тензиите

САД соодветно ќе одговорат, доколку Северна Кореја ги зголеми тензиите со ракетните тестирања, изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата прва официјална прес-конференција по стапувањето на функцијата.

Тој истакна дека Вашингтон се консултира со своите партнери и сојузници и ќе реагира доколку Пјонгјанг одлучи да ги зголеми тензиите.

Бајден нагласи дека е „подготвен за некаква форма на дипломатија“ со Северна Кореја, но „тоа мора да биде условено со денуклеаризација како краен резултат“.

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети, што се смета како провокација за новата администрација на Бајден.

Согласно резолуциите на Советот за безбедност на ОН му се забранува на Пјонгјанг развој на какви било балистички ракети, поради што се воведени голем број меѓународни санкции за неговите оружени програми.

Бајден рече дека Северна Кореја ги прекршила резолуциите на ОН, тестирајќи ги „тие специфични ракети“.

Новиот претседател на САД одговори потврдно на прашањето дали Северна Кореја е најважното надворешно-политичко прашање кое тој го набљудува.

На прес-конференцијата Бајден се осврна и на новата цел на неговата администрација, а тоа е употребата на 200 милиони вакцини против COVID-19 во текот на првите 100 дена од преземањето на функцијата.

– Знам дека е амбициозно, двојно повеќе од првичната цел, но ниту една земја во светот не е приближно, нагласи американскиот претседател пред новинарите. 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more
 

Вести

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе