Бајден: Twitter шири лаги низ целиот свет

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа оцени дека Илон Маск ја купил платформата за социјални медиуми Twitter за да шири лаги низ светот.

Twitter вчера отпушти половина од персоналот, но соопшти дека скусувањата се помали во тимот одговорен за спречување на ширење на дезинформации. Ова доаѓа откако огласувачите се повлекоа поради загриженоста за управувањето со содржината.

– Сега, она што најмногу нè загрижува е тоа што Илон Маск купува компанија која испраќа, или едноставно шири, лаги низ целиот свет… Во Америка веќе нема уредници. Нема. Како очекуваме децата да разберат што е „на коцка“?, рече Бајден на настан за собирање средства.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, претходно изјави пред новинарите дека Бајден бил многу јасен за потребата да се намали говорот на омраза и дезинформациите.

– Овие негови ставови се однесуваат на Twitter, важат за Facebook и секоја друга социјална мрежа каде што корисниците можат да шират дезинформации, рече портпаролката.

Маск вети дека ќе ја врати слободата на говорот и во исто време ќе спречи Twitter да стане „пеколен пејзаж“. Сепак, големите огласувачи изразија загриженост поради купувањето на Twitter од страна на мултимилијардерот.

Тагови
реклама

Свет

Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Read more

Кличко: Можеби треба да им дадеме дел од земјата на Русите, не е фер, но е за мир

Read more

Нов руски напад врз Украина – лансирани над 100 дронови

Read more

Израел изрази сочувство три дена по смртта на папата

Read more
 

Вести

Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Читај повеќе

Муцунски: Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било

Читај повеќе

Пешевски: Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар

Читај повеќе

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на Aнтикорупциска која споделувала службени тајни на Viber

Читај повеќе

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Читај повеќе

Прегазен пешак во Охрид, возачот побегнал

Читај повеќе

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и туѓа нега

Читај повеќе

Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Читај повеќе
  • play_arrow

Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Читај повеќе