Балканскиот рис се врати на Галичица по неколку децении

Александра Спасеска
/ 19.10.2020 / 17:00

По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуство на балканскиот рис во Национален парк „Галичица“.

Една единка беше „заловена“ од фотозамки, покрај оградата на Репродуктивниот центар за елени на НП „Галичица“, соопштија од НП „Галичица“ преку официјалниот Facebook профил.

„Се надеваме дека оваа голема мачка ќе си го најде својот дом на оваа планина, а ние ќе продолжиме со нашите напори да го зачуваме нејзиното живеалиште“, велат тие.

Во јуни, 2017 година, за првпат по 11 години истражување на балканскиот рис, тимот на Македонското еколошко друштво успеа да направи фотографија на младенче од рис.

„Ова рисче е надежта која ѝ е потребна на малата популација балкански рисови во Македонија. Се надеваме дека преку неговото следење, како и следењето на неговата мајка ќе успееме да ги добиеме податоците кои недостигаа досега. Овие податоци ќе ни помогнат да го разбереме животот на младите рисови во Македонија кои ќе ни помогнат во нивното понатамошно зачувување“, рекоа тогаш од Програмата за закрепнување на балканскиот рис, којашто ја спроведува МЕД.

Во јули 2019 година, Националниот парк Маврово на својата Facebook страница објави фотографија на рис направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво.

Во февруари годинава, тимот од Македонското еколошко друштво (МЕД) што работи на зачувување на балканскиот рис, со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража.

Како што соопшти тогаш МЕД, се работи за здрава женка, веројатно на возраст од 2-3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на рисицата во кафез-замката биле преземени стандардни процедури и мерења за утврдување на здравствената состојба на единката. За време на постапката, присуствувале претставник од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и ловџии од ловното друштво „Сокол-З“ од село Зајас. Потоа рисицата била пуштена на слобода.

Балканскиот рис сѐ уште се смета за критично загрозен вид. Околу 50 возрасни единки живеат на територија на целиот Југозападен Балкан.

Во Македонија има најмногу, можеби 30-40 возрасни единки, додека ситуацијата во Албанија и на Косово е навистина критична.

Балкански рис (Lynx lynx martinoi), подвид на евроазискиот рис, е национален симбол на нашата земја и се наоѓа на монетата од пет денари.

Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови на земјата, како и на некои планини во источниот дел.

Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија. Последните податоци за рис во Источна Македонија се од 1924 година на планината Плачковица.

Статусот на балканскиот рис е критично загрозен поради фактот дека бројот на возрасни единки кои се способни за репродукција е помал од 50 и според стандардите на Меѓународната унија за заштита на природата унијата тој е на праг да биде целосно исчезнат од нашата фауна. Балканскиот рис за првпат се најде на (IUCN) на 19 ноември 2015 година. Најзначајните закани за опстанокот на рисот се: криволовот, драстичното намалување на неговиот плен и уништување и фрагментација на неговите станишта.

Програмата за закрепнување на балканскиот рис, меѓу другото, веќе десет години се обидува да го спречи овој негативен тренд. Резултатите од интензивниот мониторинг покажаа дека барем во јадровите подрачја, Националниот парк „Маврово“ и планината Мунела во Албанија, ова опаѓање е запрено. Секако, опстанокот на балканскиот рис ќе зависи не само од овие туку и од сите други подрачја на Балканот кои поседуваат погодни станишта за рисот и неговиот плен.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе