Барса сака да го врати славниот тренер со кој ја освоија Лигата на шампионите

Барселона е во потрага по нов тренер кој ќе го наследи Чави Ернандес на клупата, откако поранешниот играч за врска на Каталонците ќе го напушти клубот во јуни.

Како што пренесуваат Cadena SER и AS, спортскиот директор на Барселона Деко смета дека поранешниот тренер на Каталонците Луис Енрике е идеалниот кандидат за функцијата тренер на клубот од стадионот Камп Ноу.

Според информациите на AS, потпишувањето на тренерот на ПСЖ е голем сон на Деко, а на идејата позитивно гледа и самиот претседател Жоан Лапорта.

Неговиот договор со ПСЖ трае до 2025 година, а доколку Барса го донесе една година пред истекот на договорот, Парижаните сигурно ќе бараат висока отштета, што е огромен проблем за Каталонците кои имаат финансиски проблеми.

Од друга страна, се поставува прашањето дали Луис Енрике, кој со Каталонците во 2015 година ја освои Лигата на шампионите, воопшто сака да си замине од Париз и доколку овој обид не успее, ќе се насочи кон други решенија.

Германците Ханси Флик, Јулијан Нагелсман и Томас Тухел, како и Италијанецот Роберто де Зерби се високо на листата за тренер на Барселона.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе