Белград врие, Вучиќ ќе се обрати до нацијата – ќе има ли полициски час цел викенд?

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе се обрати до нацијата, соопшти Службата на претседателскиот Кабинет за соработка со медиумите.

Фото: Tanjug/AP Дарко Војиновиќ

Вучиќ ќе се обрати до нацијата во 15 часот од зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Андриќев венец. Обраќањето ќе се пренесува во живо на ТВ-каналите B92 и Prva.

Претседателот на Србија се обрати на јавноста и вчера преку прес-конференција во 18 часот, на која најави дека во Белград повторно ќе се воведе полициски час од петок до понеделник. Набрзо потоа во Белград избувнаа протести кои почнаа како мирни, но за кратко време се претворија во насилство и судири со полицијата.

Директорот на полицијата денеска изјави дека по само половина час било јасно во која насока ќе се одвива ситуацијата, кога група хулигани го блокирала приодот до возилото на Брзата помош.

Во меѓувреме, српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјави дека конечната одлука за воведување на полициски час за викендот ќе ја донесе Кризниот штаб во наредните два дена.

Тој не прецизираше дали мерката ќе биде воведена само во Белград или на територијата на цела Србија, но нагласи дека не намерата да се „казнуваат“ оние кои се придржуваат до сите епидемиолошки мерки.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе