Белорусија воведе смртна казна за велепредавство

Белорускиот претседател Александр Лукашенко денеска го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна.

Досега смртната казна се применуваше за злосторства како убиство или терористички акти.

Егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата.

Споменатата промена е дел од измените на Кривичниот законик, чија најавена цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата од екстремистичка (терористичка) или антидржавна ориентација“.

Според друга измена, што денеска исто така беше одобрена од Лукашенко, лице осудено за „дискредитација“ на белоруските вооружени сили ќе добие затворска казна.

Русија донесе сличен закон по инвазијата врз соседна Украина, пред нешто повеќе од една година.

Белорусија досега не испрати свои војници во Украина, но ѝ дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да ја почне инвазијата врз Украина, на 24 февруари 2022 година.

Ова земја, исто така, им дозволува на руските авиони и беспилотни летала да го користат воздушниот простор за напади врз Украина.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе