Белорусија воведува смртна казна за обид за тероризам

Белорусија во својот кривичен закон воведе и смртна казна за „обид за извршување терористички акт“, пренесуваат руските агенции.

„Претседателот Александар Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува смртна казна за обид за терористички акт“, пренесува РИА Новости.

Агенцијата потсетува дека смртната казна досега се применуваше само за лица кои извршиле терористички напад, а цел на новиот закон се пред сè опозиционерите, меѓу кои и лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја, која моментално е во егзил.

Белоруските пратеници на крајот на април усвоија во две читања предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик кој нуди можност за смртна казна во случај на обиди за терористички напади.

Прес-службата на Долниот дом на парламентот нагласи дека „нацрт-законот е подготвен со цел да се одвратат деструктивните елементи и да се покаже решителната борба на државата против терористичките активности“.

За законот да стапи на сила во Белорусија, тој мора да биде одобрен од двата дома на парламентот и потпишан од претседателот.

Од масовните протести во 2020 година против авторитарното владеење на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, многу членови на опозицијата беа уапсени и обвинети за обид или заговор за терористички чин.

Белорусија е последната земја во Европа која применува смртна казна, а се извршува со стрелање.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе