Ирскиот бенд „U2“ ја имаше честа да го одржи првиот концерт во најмодерната концертна сала во светот наречена „Sphere“.
„Sphere“ е масивна купола во Лас Вегас, која е „завиткана“ со повеќе од милион LED диоди. Бендот „U2“ го одржа првиот концерт во оваа сала, а фокусиран беше на албумот „Achtung, Baby“.
Тоа е всушност прв во низата концерти што ќе се одржат во оваа сала. Најевтиниот билет за настапи кои сѐ уште не се распродадени чини 400 долари.
Според она што може да се види на снимките направени за време на концертот на бендот „U2“, кои се објавени на YouTube и на социјалните мрежи, искуството може да биде фантастично.
The New York Times пишува дека за време на концертот биле прикажани визуелни ефекти на огромен приказ во форма на купола, но дека некои „диви“ анимации делувале дезориентирачки.