Bentley Continental GT на „гасеници“: Најлуксузниот тенк во светот

Од кого да очекуваме некоја досега невидена лудост, ако не од Русите? На група автомобилски ентузијасти импресионирани од тенкови им падна на ум идејата да направат возило по нивна мера, па зедоа еден Bentley Continental GT и тенковски „гасеници“ и се фрлија на работа.

Проектот, на прв поглед бизарен, сепак е успешен и на оваа руска група треба да ѝ се честита затоа што крајниот резултат изгледа фантастично.

Возилото беше наречено Bentley Ultratank, што се чини како совршено име за овој хибрид од ултраскап автомобил и воено возило. Оваа луксузна ѕверка не само што не познава граници и препреки, туку има и одличен звук кој ќе го разбуди љубителот на автомобили во сите од вас.

Проектот и понатаму не е завршен бидејќи има одредени мали проблеми, како на пример тоа што „гасениците“ понекогаш паѓаат при нагло свртување. Во таков случај следува долг и напорен процес на враќање на гасениците на главното тело на возилото – проблем кој бара адекватно решение.

Исто така, Русите кои го направија овој луксузен тенк рекоа дека ќе продолжат да работат на брзината на нивниот Ultratank, бидејќи тие сакаат тој да достигнува брзина од 100 км/ч, а во моментов тој може да вози со максимални 50 км/ч. Сепак, тие велат дека тоа не е голем предизвик и би требало да биде решен набрзо.

Останатите проблеми се „мали“, велат од групата. Поради тоа што автомобилот нема врати, прашината често му прави проблем на возачот, а малку поголем проблем е тоа што кочницата и понатаму не е функционална.

реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе