Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Цените на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, додека дизелот поевтинува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,5 денари,  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61 денар за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,299 денари за килограм  се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,018 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот за 1,717 отсто и кај дизелот за 0,886 отсто, како и за 0,123 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

– Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за два денара за литар за  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, велат од РКЕ. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе