Без дополнителен напор: Трикови со чија помош ќе изгубите килограми

Ф.З.
/ 20.11.2023 / 12:13

Ако сакате да изгубите неколку килограми, можеби сте забележале дека постои навидум бескрајна понуда на совети и трикови за слабеење кои изгледаат прилично едноставни. Но, кои трикови навистина можат да ви помогнат во овој процес?

Според истражувањето на клиниката „Мајо“, постојат неколку начини да ги изгубите вишокот килограми без дополнителен напор. Промената на малите навики може долгорочно да направи голема разлика.

Согорувајте калории со секојдневни активности

Согорувањето на калориите со секојдневните активности како одење по скали наместо со лифт се нарекува NEAT, и тоа е едноставен концепт што може да доведе до губење на тежината. Овој тип на активност може да ви помогне да согорите неколку стотици дополнителни калории над вашата основна вредност.

Црвеното месо заменете го со печурки

Еден од најлесните начини за слабеење е да внесувате помалку калории од вообичаеното. Можете да ги намалите калориите ако наместо црвено месо јадете печурки, кои исто така се богати со протеини и не содржат многу калории.

Заменете ги појадокот и вечерата

Наместо вечерата да биде најтежок оброк, заменете ја храната со онаа што ја јадете за појадок. Студијата од 2013 година објавена во списанието Obesity‌ покажа дека жените што јаделе појадок од 700 калории и вечера од 200 калории изгубиле повеќе килограми и се чувствувале помалку гладни во текот на денот од оние што јаделе појадок од 200 калории и вечера од 700 калории.

Пијте две чаши вода 30 минути пред јадење

Иако тоа не е магично решение, пиењето обична вода 30 минути пред оброк може да ви помогне да изгубите тежина. Една потенцијална причина зошто тоа се случува е тоа што волуменот на вода може да ви помогне да се чувствувате посити. Исто така, можете да ја збогатите и со парче лимон и листови нане.

Наполнете ја чинијата со зеленчук

Една од најдобрите опции за слабеење е да го зголемите внесот на зеленчук во вашите оброци. Се разбира, тоа значи зеленчук кој е свеж или варен без маснотии и млечни производи како кајмак. Направете ја вашата чинија 50% зеленчук, 25% протеини и 25% житарки.

Тагови
реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Фит

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Кој е подобар избор за слабеење: пилешки гради или јајца?

Read more

Седум намирници што треба да ги јадете за ефикасно слабеење

Read more
 

Магазин

Секојдневното јадење 170 гр мешунки го намалува ризикот од висок крвен притисок

Читај повеќе

Зошто некои мачки не сакаат да ја користат кутијата со песок?

Читај повеќе

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Читај повеќе

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Читај повеќе

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Читај повеќе

Зошто е добро да сте „мамин син“ или „татина ќерка“?

Читај повеќе

Колку кафе е премногу кафе?

Читај повеќе

Кој орган во телото старее најбрзо и како да го забавите процесот?

Читај повеќе