Без маски на отворено од 1 јуни - предлага Комисијата за заразни болести

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Комисијата за заразни болести утрово на состанок донесе одлука да се достави предлог до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за олабавување на рестриктивните мерки, информира Министерството за здравство, посочувајќи дека таа се должи на стивнувањето на пандемијата стивнува и намалувањето на бројот на активни случаи од недела во недела.

Комисијата до Штабот ќе предложи од 1 јуни заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Предлага и да престане да важи забраната за групирање на отворено – при групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски, да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50 проценти исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде шест.

– Спортските натпревари на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30 отсто од капацитетот на стадионот. Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по шест гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат во сила. Полицискиот час останува во сила, наведува МЗ.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување  настани и концерти на отворено, а по 15 јуни, според договорените протоколи, ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

-Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелираме до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките, повикува ресорното министертство.

Во меѓувреме, бројот на заразени стивнува, а вакцинирани се речиси 228.000 граѓани.

Последниот официјален КОВИД-биланс е 53 нови случаи, 111 оздравени и 13 починати лица.

Поради ова, надлежните очекуваат ублажување на мерките од идната недела. Владината Група за процена, пак, вчера едногласно реши да предложи продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на КОВИД и спречување на неговото ширење.

– Земјаќи ги предвид бројките кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам кои мерки конкретно. Меѓутоа, сите мерки кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повлечеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави заменик-минисерот за здравство Илир Хасани.

На Хасани му пречи носењето маска на отворено. Го чувствува како товар. Тој е и за целосно укинување на полицискиот час, но, вели, за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.

– Комисијата ќе донесе одлука врз основа на целокупната епидемиолошка ситуација, на параметрите, врз основа на предвидувањата и информациите што ги имаме во однос на другите соеви кои се потенцијален ризик за нашата држава, како на пример индискиот и други. Треба да бидеме многу внимателни за да го зачуваме здравјето, нагласи Хасани.

Во однос на и натаму големиот број смрни случаи, заменик-министерот смета дека е очекувано тој да се намали две, три, а можеби и четири недели по намалувањето на бројот на новозаболени пациенти.

Како што соопшти Министерството за здравство, вкупно 249 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава, а има 538 празни болнички кревети. Во КОВИД-центрите, пак, се лекуваат 149 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројот на приеми се намалува, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка. Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за КОВИД-пациенти.

Имунизацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 425.422 граѓани. Вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани. Со последните бројки, 46 отсто од населението над 70 години и 40 проценти од населението над 65 години има примено барем една доза вакцина.

Масовна вакцинација се спроведува во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, како и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Премиерот Зоран Заев кој вчера ја прими втората доза „Синофарм“, уште еднаш ги повика граѓаните кои се уште не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, за да се постигне колективен имунитет. Апел за регистрирање и вакцинација ушпати и министерот за здравство.

– Денеска ја примив втората доза на вакцината „Синофарм“. Се чувствувам одлично и продолжувам со работниот ден. Ги повикувам сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот www.vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од COVID-19.

#ЗаштитиСе #ВакцинирајСе #ВакцинитеСпасуваатЖивот, напиша Заев на својата Facebook страница.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе