Би пробале пиво направено од рециклирана канализациска вода?

Во супермаркетите во Сингапур од неодамна може да се најде светлото пиво NEWBrew, кое се произведува од рециклирана отпадна вода, а кое првенствено беше воведено во 2018 година.

Алкохолниот пијалак е резултат на соработката помеѓу државната агенција за вода, PUB, и локалната крафт пиварница Brewerkz. Првпат претставен на Конференцијата за вода во 2018 година, NEWBrew е во продажба во супермаркетите и продажните места на Brewerkz од април.

„Сериозно, не можев да помислам дека ова е направено од отпадна вода“, рече Чеу Веи Лиан кој го купил пивото во супермаркет за да го проба откако слушнал за неговото постоење.

„Не ми пречи ако е во фрижидер. Мислам, има вкус на пиво, а јас сакам пиво“, додаде тој.

На социјалните мрежи започна дискусија за споменатиот производ, а мислењата се поделени, додека едни како Лиан мислат дека би можеле да го пијат, други се откажуваат од самата помисла на отпадната вода.

NEWBrew користи NEWater, сингапурски бренд на рециклирана вода за пиење што прв пат дојде од пречистителна станица во 2003 година за да ја подобри безбедноста на водата на островот.

PUB вели дека новото пиво е дел од напорите да се едуцираат Сингапурците за важноста од одржливо користење и рециклирање на водата.

Идејата за преработка на отпадната вода во вода за пиење, на која претходно во голема мера народот се спротивставуваше, добива поддршка во последната деценија бидејќи снабдувањето со свежа вода во светот е сè повеќе на удар. Светскиот фонд за природата проценува дека 2,7 милијарди луѓе имаат недостиг на вода најмалку еден месец годишно.

Сингапурскиот NEWater се произведува со дезинфекција на отпадната вода со ултравиолетова светлина и поминување на течноста низ напредни мембрани за да се отстранат честичките загадувачи.

Клучот за ширење на технологијата е да се убеди јавноста дека, откако ќе се третира водата, таа е само вода.

„NEWater совршено одговара на пивото бидејќи има неутрален вкус“, вели Мич Грибов, главен производител на пиво на Brewerkz, „Минералниот профил на водата игра клучна улога во хемиските реакции за време на подготовката“.

Други пиварници во светот, исто така, произведувале пиво од рециклирана отпадна вода. Стокхолмската пиварница Nya Carnegie се здружи со Carlsberg и IVL шведскиот институт за истражување на животната средина за да лансира пилснер направен од пречистена отпадна вода, додека Village Brewery во Канада се здружи со истражувачите од Универзитетот во Калгари и американската компанија за технологија за вода Xylem за лансирање сопствена верзија.

Оние кои пробале NEWBrew велат дека сметаат дека е освежително пиво со лесен вкус, совршено за тропската клима во Сингапур.

„Ако не им кажете на луѓето дека е направено од отпадна вода, тие веројатно нема да знаат“, вели Грејс Чен, една од купувачите на новиот вид пиво.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе