Бил Гејтс уште во декември 2016 година го предупредил Доналд Трамп на опасност од пандемија која ќе го загрози здравјето на жителите на САД.
Во текот на состанокот со Трамп, тој го предупредил за опасноста од вирусни заболувања, советувајќи го Трамп да ја подготви земјата доколку тој биде избран за претседател, пишува Wall Street Journal. Истите совети ги кажал и на останатите кандидати.
Гејтс и во 2015 година зборуваше за опасноста на вирусите, истакнувајќи дека тие претставуваат ризик за глобална катастрофа.
„Ако починат повеќе од 10 милиони луѓе во наредните децении, тоа ќе биде предизвикано од некој опасен вирус, а не од војна“, изјави Гејтс.