Битиќи: Ќе се увезуваат работници од странство, првично од Западен Балкан

Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, сѐ уште е отворена дилема, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Фокусот во старт, посочува Битиќи во интервју за Deutsche Welle, е регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји.

– Точно е дека сѐ уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14% и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на кадар од државата. Овој тренд е присутен не само кај нас, туку во сите земји од Западен Балкан и се должи на она што се случува и во земјите од Европската Унија, како Германија, Франција, Белгија, кои ги отвораат пазарите на труд, но исто така имаат и миграција на работници во трети земји, вели Битиќи.

Ние како Западен Балкан, посочува, немаме таква миграциска политика за да кажеме кон кого се отвораме.

– Но, првиот исчекор го направивме пред година и половина со иницијативата Отворен Балкан. Дел од овој процес се и законските решенија за единствен идентификациски број на трите земји Србија, Северна Македонија и Албанија, што е поврзано со една од вредностите на Европската Унија, а тоа е мобилноста. Да може работната сила полесно да доаѓа. Извештајот на ОЕЦД покажува дека интрамиграциските движења во Западен Балкан се на ниво на 15% од вкупното миграциско движење. Постоело и претходно, постои и сега, ама ние сакаме да го артикулираме уште повеќе за да ги искористиме сите потенцијали од Западен Балкан, затоа што и културолошки сме поблиски. Луѓето многу полесно ќе се движат и снаоѓаат на пазарот на труд, појаснува Битиќи.

Порачува дека не би требало да имаме привилегирана земја кон која ќе се насочиме и затоа, како што вели, неделава ќе разговараме детално со стопанските комори, организацијата на работодавачите, за да видиме што, каде и колку ни е потребно.

– Има одредени сектори кои покажуваат преголема ранливост, како на пример градежништвото, угостителството и туризмот како најпогодени. Но, треба да видиме конкретно и за другите потреби, затоа и зборуваме и ќе разговараме со бизнис заедницата кои се другите потреби и што треба да направиме. Прво ќе ги идентификуваме сите сектори и ќе мора да воведеме правила. Нема да дозволиме во одредени сектори 90% од работниците да бидат увезени, а 10% да бидат наши. Мора да има приоритет јавниот интерес и секако заштитата на нашите граѓани е на прво место. Ние можеме да обезбедиме да донесeме, да помогнеме, но не да бидат тие носечки кадри. Со стратегијата на носење на работна сила, да се зголеми конкурентноста, а тоа е прв момент кон зголемување на продуктивноста, вели Битиќи.

Во нашата земја, како што истакнува, веќе имаме работници од Индија кои работат во автоиндустрија и во секторот за информатичка технологија. Исто така и во делот во градежништвото имаме работници од Источна Турција, а на автопатот Кичево кон Охрид каде се ангажирани работници од Кина

– Имаме и работници од други земји. Ние размислуваме дека на пример е дојдено време за проширување на квотите. Првиот исчекор е да се движи во делот на годишните квоти. Сегашната квота е 5 илјади на годишно ниво и таа бргу се пополнува. Веќе имаме и потреба за работна сила за одредени поголеми инфраструктурни проекти. Лично сметам дека бројката треба да се зголеми, најмалку двојно, но да не прејудицирам и да оставиме тоа да биде резултат од разговорите кои ќе ги водиме, порачува Битиќи.

Имаме земји, додава, каде квотите се одредуваат билатерално со некоја држава.

– Големината на нашата економија не е таква да изискува големи квоти. Но, ако се заклучи дека тоа треба, зошто и да не го направиме. Но, клучно е што и да направиме дека мора да биде контролирано. Низ институциите на системот, законските регулативи, посочува Битиќи.

Според него, подобро е да има 100 евидентирани и лесно контролирани работници со сите заштитени човекови права, отколку 100 илегални кои не се заштитени.

– Пазарот на труд годишно бара 10 до 15 илјади места. Пред кризата стигнавме и до 25 илјади во една година. Но, заради кризата се намали, во моментов имаме потреба за 9.000 работни места кои се бараат на пазарот на труд, но најголем дел од оние што ги имаме како активни баратели се со вештини и знаења кои не одговараат на потребите. Јас лично не се откажувам од активните баратели на работа, тоа се наши сограѓани, евидентирани и се стремам кон нив да се доквалификуваат, преквалификуваат за потребите на пазарот на труд во кој би биле подобро платени. Меѓу нив можеби има и некои со магистерски студии, но тие не одговараат на потребите. Затоа сметам дека овој процес продолжува, нагласува Битиќи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе