Битиќи: Воведовме полициски час за да не дојде до порестриктивни мерки

Не беше лесно да се донесе одлуката за полициски час. Укажувам дека ова го правиме за да не дојде до порестриктивни мерки, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и уште еднаш потенцира дека здравјето на граѓаните е на прво место.

– Треба да напрвиме сè за да го забавиме покачувањето на бројките на заразени за да одговориме адекватно како здравствен систем и како држава. Одлуката дојде по искуството од веќе една година. Целта е економските оператори да можат непречено да работат, а единствените рестрикции се само за граѓаните што е доволен сигнал за сите, млади и повозрасни, да сфатат дека во оваа битка со непознатиот непријател едно е најважно – нашето здравје. Сè друго, економски последици, изгубени работни места – ќе се надомести, истакна Битиќи по билатералниот состанок со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Тој потсети дека полицискиот час е донесен за две недели.

– Се надевам дека нема да треба да се оди со други мерки, а од мојот колега Абазовиќ слушнав дека кај нив се во најава уште порестриктивни мерки зашто бројките се алармантни, потенцира Битиќи. 

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе