АФЦ АЗИСКИ КУП 2024 КАТАР

Бизарно: Најдобриот стрелец на Азискиот куп исклучен поради прослава на гол, тимот му испадна со пресврт

Филип Здравески
/ 29.01.2024 / 16:03

Вистинска драма се случуваше на осминафиналниот натпревар од Азискиот куп меѓу Ирак и Јордан каде во главна улога беа најдобриот стрелец на првенството и судијата од Иран.

Ирак во 76. минута поведе со 2:1 со голот на Ајмен Хусеин, водечкиот голгетер на листата на стрелци на првенството, за кого ова беше шести гол.

Откако го постигна голот за водство, само осум минути откако неговиот осиграч Суад Натик израмни на 1:1, Ајмен седна на тревата со скрстени нозе и правеше гестикулации како да јаде нешто.

Иранскиот судија ведна истрча до него и му покажа жолт картон, а потоа го изваде и црвениот, со оглед на тоа што Ајмен веќе имаше еден жолт од првото полувреме.

URL

Голгетерот и неговите соиграчи со неверување гледаа збунето во судијата, не разбирајќи што го испровоцирало за да се одлучи да додели картон за навидум обичната, но креативна прослава на гол.

URL

Познато е дека Ирак и Иран не се пријателски настроени едни кон други, дури имаат водено и крвава војна со многу жртви, но во фудбалот досега немало проблеми, ниту кога играле меѓусебно, ниту кога имале судии.

Јордан потоа успеа да направи комплетен пресврт и тоа со два гола постигнати во 5. и 7. минута од судиското надополнување преку Јазан Ал-Араб и Низан Ал-Рашдан за конечна победа од 3:2 и пласман во четвртфиналето. Ирак важеше за фаворит, беше и прв во својата група каде оствари три победи, меѓу кои и над силната Јапонија, додека Јордан едвај се протна како третопласиран.

URL

Судиската одлука, која потоа директно влијаеше на резултатот, остави многумина збунети зошто Ајман доби жолт картон. Дефинитивно ќе биде предмет на дебата на социјалните мрежи.

„Црвениот картон го промени текот на натпреварот. На секое големо натпреварување играчите прославуваат откако ќе постигнат гол. Судијата не смее да дава црвен картон за тоа. Сите видовме како Јордан славеа на истиот начин и не добија црвен. Времето на црвениот не ни дозволи да направиме измени за дефанзива оти веќе ги имавме искористено сите замени“, рече селекторот на Ирак, шпанскиот стратег Хесус Касас, кој му беше асистент на Луис Енрике кога овој ја водеше Шпанија.

URL

Во четвртфиналето Јордан ќе игра против најголемото изненадување на првенството, репрезентацијата на Таџикистан, која во својот дебитантски настап може да испише историја доколку се избори за полуфинале.

Тагови
реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе