Блажевска: Ако го нема Металург другите клубови ќе нема од каде да грабаат играчи

Претседателката на Ракометниот клуб Металург, Зорица Блажевска денес побара поддршка од сите надлежни институции за спортот во државата да им излезат во пресрет да се надмине сегашната тешка ситуација.

Металург вчера беше суспендиран од домашната Суперлига, а претходно и од еврокуповите поради долгувања кон Александар Шпенде и Зоран Кастратовиќ

– Металург е еден вид инкубатор на млади ракометари и сите треба да се свесни дека ако го нема нашиот клуб, ќе нема од каде да грабаат играчи. Ќе побараме од Ракометната федерација на Македонија да ги одиграме трите заостанати натпревари на крајот на месецот кога ќе можеме да ги сервисираме долговите, бидејќи тогаш ќе имаме средства од ваучерот што го доделува Агенцијата за млади и спорт. Во спротивно, ако нè исфрлат од Суперлигата, тоа не значи згаснување на клубот и ќе ги разочарам сите што мислат дека ќе може да ја добијат салата и ќе ги грабнат играчите. Металург и при такво црно сценарио ќе продолжи да постои, а најголемите губитници ќе бидат луѓето кои имаат побарувања во моментов од тој Металург, Металург АД, рече Блажевска на денешната прес-конференција.

Таа смета дека поранешниот тренер Зоран Кастратовиќ некоректно бара седум плати и покрај тоа што самоволно го раскинал договорот со клубот и си заминал.

Блажевска се надева на поддршка од Ракометната федерација на Македонија и верува дека ситуацијата ќе се реши со позитивен исход.

Според Блажевска, долговите поради кои поранешниот македонски шампион е доведен до ваква ситуација се околу 90 илјади евра, а од ваучерот очекуваат да инкасираат околу 250 илјади евра, плус најавена им е и финансиска помош од општина Гази Баба. 

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе