Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс на гости го совладаа тимот на Оклахома Сити Тандер со 129:120 благодарение на извонредната партија на Леброн Џејмс.
Џејмс постигна рекордни за сезоната 40 поени во натпревар во кој Лејкерс прекинаа низа од четири порази.
Неверојатниот 38-годишен Леброн Џејмс шутираше 13 од 20 за два поена, погоди 5 тројки без промашување и ги реализираше сите 9 слободни фрлања. Имаше и 7 скока, 7 асистенции и 2 блокади.
Ентони Дејвис додаде 26 поени, 11 скока 7 седум асистенции за Лејкерс. Руи Хачимура постигна 21 поен, а Остин Ривс имаше 11 поени и 9 асистенции.
Шеј Гилџс-Александер постигна 34 поени за Оклахома. Џејлен Вилијамс додаде 28 поени, а Чет Холмгрен 19 поени и 10 скока.
Лука Дончиќ постигна 39 поени и оствари трипл-дабл учинок во натпреварот во кој Далас Маверикс го совлада Сан Антонио Спарс со 144:119.
Откако дебитантот на Спарс, Виктор Вембанјама го истегна зглобот за време на загревањето, работата на Маверикс беше уште полесна.
Дончиќ, кој имаше 12 скока и својата 10-та асистенција ја направи непосредно пред да го напушти натпреварот доцна во третата четвртина, го имаше својот трипл-дабл број 36 вклучувајќи најмалку 30 поени во еден натпревар.
Тим Хардавеј постигна 23 поени, а Данте Ексум додаде 20 за Далас, додека на другата страна подобар од другите беше Џереми Сочан со 23 поени и 9 скокови.
Мајкл Портер Џуниор постигна 22 поена, а Никола Јокиќ беше нешто поскромен со 18 поени, 10 скока и 9 асистенции за Денвер Нагетс кои го победија Шарлот Хорнетс со 102:95.
Расположен беше и Џамал Мареј со 20 поени и 12 скока, а кај Шарлот се истакна Мајлс Бриџис со 22 поени, додека Пи Џеј Вашингтон додаде 20.
Резултати:
Шарлот Хорнетс - Денвер Нагетс 95:102
Индијана Пејсерс - Орландо Меџик 110:117
Њу Орлеанс Пеликанс - Хјустон Рокетс 104:106
Атланта Хокс - Мемфис Гризлис 119:125
Бруклин Нетс - Детроит Пистонс 126:115
Торонто Репторс - Јута Џез 119:126
Чикаго Булс - Кливленд Кавалирс 95:109
Оклахома Сити Тандер - Лос Анџелес Лејкерс 120:129
Далас Маверикс - Сан Антонио Спарс 144:119
Голден Стејт Вориорс - Портланд Трејл Блејзерс 126:106
Сакраменто Кингс - Минесота Тимбервулфс 98:110
Табела: