Бочварски и Баздникин разговараа за гасификацијата во државава и директно авионско поврзување со Русија

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин, со кого разговараше за повеќе тековни капитални проекти во државава, со посебен акцент за гасификацијата преку изградба на магистралните гасоводи. Станало збор и за можноста за воведување директни авионски линии меѓу двете земји.

Mинистерот Бочварски го информирал aмбасадорот Баздникин за инфраструктуралните проекти што се реализираат во државава, како и за планираните проекти за изградба и модернизација на Коридорот 8 и Коридорот 10 и 10 д.

– Оваа средба беше одлична можност да го запознаам амбасадорот со крупните капитални проекти што ги реализираме во нашата држава. Посебен фокус ставивме на изградбата и модернизацијата на патната мрежа на Коридор 8 и 10, железничкото поврзување кон Бугарија, како и изградбата на магистралниот гасовод во земјата. На средбата разговаравме и за можноста за воведување на директни авионски линии меѓу двете земји, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, на средбата се разменети мислења и искуства на двете земји во однос на справување со економските предизвици во услови на COVID-19 кризата.

Министерот изразил благодарност за досегашната соработка на Република Северна Македонија со Руската Федерација и ја нагласил потребата од одржување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

реклама

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе