Боксофис: „Incredibles 2“ оствари најголема заработка од сите анимирани филмови досега

Премиерата на „Incredibles 2“ го одбележа викендот кој е зад нас на филмски план, освојувајќи го светскиот боксофис со заработка од огромни 180 милиони долари, најголемата забележана досега за премиерен викенд на анимиран филм.

Со заработка од скоро 10 пати повеќе од второпласираниот „Ocean’s 8“, „Incredibles 2“ ги изненади дури и најголемите оптимисти.

Цели 14 години по дебито на првиот „Incredibles“, пристигна продолжението на овој анимиран хит кое публиката со нетрпение го чекаше. И тоа не беше лажен ентузијазам, туку навистина изгледаше дека публиката беше „гладна“ за уште една авантура на познатото семејство на суперхерои. Со заработката од 180 милиони долари уште во првиот викенд, „Incredibles 2“ го урна рекордот за најдобар премиерен викенд на анимиран филм на сите времиња.

На второто место се најде „Ocean’s 8“, кој по солидниот премиерен викенд не успеа да изненади уште еднаш и изгледа дека набрзо ќе падне надвор од Топ 5 филмовите со најголема заработка.

Добар викенд имаше новитетот „Tag“, кој заработи нешто помалку од 15 милиони, со што исплати половина од продукцискиот буџет за филмот. Во главните улоги во овој филм се наоѓаат Џереми Ренер, Ед Хелмс и Џон Хем.

Топ 10 филмови со најголема заработка минатиот викенд:

  1. Incredibles 2 – 180 милиони долари
  2. Ocean’s 8 – 19,5 милиони
  3. Tag – 14,6 милиони
  4. Solo: A Star Wars Story – 9 милиони
  5. Deadpool 2 – 8,8 милиони
  6. Hereditary – 7 милиони
  7. Superfly – 6,3 милиони
  8. Avengers: Inifinity War – 5,2 милиони
  9. Adrift – 2,1 милиони
  10. Book Club – 1,8 милиони
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе