Борба на титаните во НБА: Рондо му пресуди на поранешниот тим со победа за Лејкерс

Најголемото дерби во НБА беше достојно за титулата. Во Бостон синоќа се одигра драма на ниво на легендарен двобој меѓу култните Селтикс и Лејкерс.

Откако домаќините водеа со 18 разлика, гостите славеа со 129:128, со кош постигнат со звукот на сирената, дело на една од најголемите легенди на Селтикс – Раџон Рондо.

Дуелот беше полн со неизвесност, а победникот го реши токму поранешната легенда на Бостон Селтикс.

На 10 секунди пред крајот, Селтикс имаа предност од 128:127. Лејкерс тргнаа во напад за победа и иако сите очекуваа додавање за Леброн Џејмс, одговорноста ја презеде Инграм кого домашните кошаркари го изблокираа и топката се одби токму во рацете на поранешниот играч на Селтикс, Раџон Рондо, кој погоди за победа на гостинската екипа.

Леброн Џејмс на оваа средба стана третиот играч на Лејкерс кој рпотив најголемиот ривал остварил трипл-дабл во двобој во регуларната сезона (28 поени, по 12 скокови и асистенции).

Кај Бостон најефикасен беше Ирвинг со 24 поени.

Ова е 28-ма победа за Лејкерс сезонава и може да биде од клучно значење, со оглед на тоа дека водат голема битка со Сакраменто Кингс и Лос Анџелес Клиперс за пласман во плејоф.

Во останатите натпревари, Индијана беше подобра од Л.А. Клиперс со 116:92, а Орландо ја победи Минесота со 122:112. Торонто како гости ги поразија Атланта со 119:101, а Оклахома на свој терен го порази Мемфис со 117:95.

реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе