Борис Бекер во солзи: В затвор еден сакаше да ме убие, друг да ме силува

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер (55) откри низ каков ужас минувал во затворот каде помина осум месеци по обвиненија за финансиски малверзации.

Бекер веднаш по излегувањето од затвор заработи 500.000 евра од интервју за германската телевизија Sat1. Многу фанови беа разочарани од ваквиот потег бидејќи сметаат дека не треба толку многу пари да добие човек кој штотуку беше ослободен од затвор.

Во тоа интервју, Бекер откри низ која мака поминал во затворот каде што требало да остане година и три месеци, но на крај се извлече за осум месеци.

„Во октомври, еден затвореник сакаше да ме убие. Друг се закани дека ќе ме силува и вербално ми објасни сè што ќе ми направи“, изјави Бекер за Sat1.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња потврди дека е виновен и дека тоа апсолутно не го доведува во прашање. Во еден момент од интервјуто тој дури и се расплака пред камерите.

 

Во истото интервју тој додаде дека никој не го препознал како Борис Бекер, туку дека бил само бројка во затворот.

„Во затворот си никој и ништо! Само бројка. Повторно ја открив личноста што сум. Научив тешка лекција. Беше скапо и болно. Некои работи се случуваат со причина“, додаде тој.

Бекер подготвува и книга и има потпишано неколку договори, а неколку британски медиуми се наредени за интервју, па нема дилема дека славниот тенисер ќе продолжи да заработува значителни суми пари и во иднина.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе