УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Борусија лета на крилјата на чудесниот Норвежанец

Ерлинг Браут Холанд синоќа со два гола ја среди Севиља и ја одведе Борусија во четвртфиналето од европската клупска елита.

Можеби тимот од Дортмунд се мачи во Бундеслигата, но во Лигата на шампионите си обезбеди европска пролет.

Вчера на „Зигнал Идуна Парк“ стадионот во Дортмунд неговиот тим го пречека актуелниот шампион во Лига Европа, шпанска Севиља. Првиот натпревар на гостински терен заврши со триумф на Германците од 3:2, а на реваншот тимот од Андалузија повторно немаше решение за чудесниот Норвежанец.

Холанд во 35-тата минута на одлична асистенција на Марко Ројс го отвори резултатот носејќи ѝ на Борусија два разлика во вкупниот резултат (4:2).

Само што почна вториот дел, Норвежанецот постигна втор гол, но со ВАР му беше поништен поради фаул. Сепак, ВАР продолжи да работи, па судиите најдоа дека на фаулот во напад му претходел фаул на Жил Кунде кој го сопна токму Холанд во казнениот простор, па домашните добија пенал.

Пеналот всушност му го одбрани мароканскиот голман Боно, но одбраната беше поништена бидејќи Мароканецот прерано ја напушти гол-линијата, а во вториот обид за малку повторно ќе одбранеше.

Холанд го реализираше ударот од белата точка и го дуплираше водството, ставајќи крај на шансите на Севиља.

Следуваше неспортска реакција на Холанд кој му се ситеше на Боно за голот од вториот обид, за што и пожолте.

Андалузијците се вратија во игра во 64. минута кога Емре Џан го бутна со раце Лук де Јонг во шестнаесетникот, а Јусеф Ен Несири погоди од пенал.

Истиот играч длабоко во судиското надополнување погоди со глава по нафрлувањето на Иван Ракитиќ за колку Севиља да замине дома непоразена, но елиминирана со вкупни 5:4 од кои дури 4 гола ѝ даде чудесниот Норвежанец.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе