Брнабиќ: До крајот на април 40 отсто од населението во Србија ќе биде вакцинирано

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека до крајот на април 40 отсто од населението во државата ќе биде вакцинирано барем со првата доза и најави дека повеќе од 660.000 вакцини ќе пристигнат до понеделник.

Во изјава за локални медиуми, таа додаде дека 57.600 дози вакцини AstraZeneca од програмата КОВАКС ќе пристигнат во Србија вечерва, додека во понеделник се очекува да пристигнат 106.470 дози вакцини Pfizer и половина милион вакцини Sinopharm.

– Долго чекавме за системот КОВАКС. Добро е што се организиравме и сериозно размислувавме да имаме билатерални договори со производителите и да добиеме речиси 2,5 милиони вакцини, рече таа.

Според неа, 1.039.000 луѓе досега ги примиле двете дози на вакцина во Србија.

Брнабиќ рече дека Србија донирала 20.000 од првата доза на вакцината Спутник V во Северна Македонија и дека ќе испрати уште толку за втората доза.

Таа додаде дека вечерва ќе има состанок на Кризниот пштаб на која е можно да се донесе одлука за „малку релаксирани мерки“ и дека претседателот на државата ќе се вакцинира во вторник со што ќе се отвори вториот круг на вакцинација.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе