Бројот на приеми во болниците стабилен, вкупно се лекуваат 798 позитивни

Во земјава во изминатото деноноќието беа регистрирани нови 345 случаи на COVID-19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16.419. Од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 86.494 лица, бројката на оздравени пациенти е 67.453, а на починати 2.622.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите. За 24 часа во деноноќието во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот со што вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Во претходното деноноќие се направени вкупно 2.455 тестирања, регистрирани се 345 нови случаи на COVID-19, оздравени се 289 пациенти, а починати се осум пациенти, на возраст од 48 до 82 години, сите во болнички услови.

Од новите случаи на COVID-19, 129 се во Скопје, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14. Како оздравени од страна на Институтот за јавно здравје вчера беа регистрирани 289 пациенти.

Според епидемиолошки анализи во Скопје во моментов има најмногу активи лица на COVID-19, вкупно 10.022. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе