Брозовиќ од Интер плати операција на девојка од Скопје

Девојка од главниот град на Македонија која преку социјалните мрежи собираше средства за операција, ги собра во рекордно време откако хрватскиот фудбалер Марцело Брозовиќ го виде нејзиниот апел.

Facebook станицата на навивачите на Интер од Балканот, Inter Tifosi Balkan, го сподели апелот за помош на скопјанката Стаменка Менче Трповска со цел што е можно повеќе луѓе да го видат и да донираат.

Девојката има проблеми со колкот, или како што вели „се бори со сопствениот колк и пробува на било кој начин да го спаси“. Лани направила операција во Белград, но сега ѝ е потребна нова, која требало да се направи во март, но поради пандемијата била одложена до отворањето на границите. За новата операција ѝ се потребни 3.000 евра и поради тоа се обрати до јавноста за помош.

Само некоја минута од објавата на Inter Tifosi Balkan, Брозовиќ откако го прочитал апелот веднаш донирал 3 илјади евра на наведената сметка. За тоа време и други донирале, па сега собрани се дури и повеќе.

Во Македонија живеат и далеку побогати луѓе од Марцело Брозовиќ, но очигледно никој со поголемо срце од Хрватот. Некој ќе рече дека 3 илјади евра се ништо за Марцело кој убаво заработува во Интер, но ако не се ништо, што не ги уплати некој од нашите богаташи? Не конкретно за овој случај, бидејќи популарниот Брозо беше и многу брз со донирањето, туку во Македонија има многу слични случаи на луѓе кои се мачат да соберат средства за неопходно лекување.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе