Злогласениот водач на групата навивачи на Лацио позната како „Иридучибили“, Фабрицио Пишители, беше смртно застрелан во главата среде бел ден.
Телото на Пишители, познат по прекарот Дијаболо, било најдено во парк во Рим, со прострелна рана во главата што укажува дека бил пукан од блиску и убиството било изведено во стил на егзекуција.
Водачот на навивачката група на Лацио беше поврзуван со шверц на дрога и локалните медиуми пишуваат дека убиството најверојатно е поврзано со одмазда извршена од ривалски дилери.