Малку се тие луѓе кои можат да си дозволат да поседуваат Bugatti Veyron, а поради ограничената серија, на улиците има само околу 450 модели од овој суперавтомобил. Сепак оние што вистински го посакуваат, а немаат вишок милион евра, ја имаат опцијата да купат реплика.
Една таква е овој модел базиран на Pontiac GTO кој чини 125.000 долари.
Pontiac GTO е произведен во 2005 година, а неговиот сопственик од Флорида, сакал барем визуелно да го претвори во Veyron. Автомобилот има 6.0 литарски V8 мотор на General Motors кој развива 400 коњски сили, а моќта се пренесува преку 5-степениот мануелен менувач.
Автомобилот на прв поглед изгледа како Bugatti, но ако подобро се разгледа се забележуваат разликите. Внатрешноста е со значително помал квалитет во однос на култниот суперавтомобил.
Звукот на моторот е променет, спојлерот е подвижен, а напред има воздушна амортизација. Pontiac GTO од 2005 година чини околу 15.000 долари, а купувачот мора да процени дали е вредно да доплати уште 110.000 долари за изгледот на Veyron.