Царинска управа ќе испрати претставник за судењето за „Беса Транс“ на рочиштето закажано за 31 март

Претставник на Царинска управа е поканет и ќе присуствува на следното рочиште за предметот „Беса Транс“ закажано за 31.03.2023 година, одговорија од Царинската управа на прашање на МИА зошто на денешното рочиште, по трет пат, не се појави нивен претставник.

Како што стои во одговорот од Царинска управа, овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа денеска биле присутни на две други рочишта.

- Ве информираме дека овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа, денеска беа присутни на две рочишта во Основниот кривичен суд во Виница, во својство на подносител на прекршочно барање, како и на јавна расправа пред Управниот суд во Скопје застапувајќи три управни спорови, во својство на тужен орган кој ги донел оспорените управни акти, каде присуството на Царинската управа во овие постапки во својство на странка е задолжително, стои во одговорот.

Од таму дополнуваат дека Царинска управа во предметот „Беса Транс“ не е странка во постапката, поради што отсуството на нејзин претставник во оваа фаза од постапката, според нив, не е причина за одложување на денешното рочиште, иако, претходното насрочено рочиште, на 2 февруари, се одложи токму поради оваа причина.

Во Основниот кривичен суд Скопје, поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ денеска повторно се одложи судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“. Денеска, исто така, по трет пат, не беше присутен ниту претставник од Царинската управа. Последното рочиште за овој процес беше одржано во ноември 2022 година.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

- Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе