Царовска: Нема подобра алтернатива за државата од вложувањето во квалитетно образование на младите

На сите ни е јасно дека немаме алтернатива освен да вложуваме во квалитетно образование и квалитетна едукација на младите, да вложуваме во млад човечки потенцијал кој ќе биде предводник на државата во иднина. И тоа ми дава верба дека одиме во добар правец и дека за 5-6 години ќе можеме да се гордееме со плодовите од нашата работа, а тоа ќе бидат создадените нови генерации, подготвени да одговорат на предизвиците на новото време. Ова го истакна министерката за образование и наука за време на денешната посета на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, општина Кочани, по повод инвестициските зафати во училиштето.

Министерката претходно беше во посета и на СОУ „Љупчо Сантов”, ОУ Св. „Кирил и Методиј” и ОУ „Малина Попиванова” во Кочани каде што изминатиот период МОН, поддржа инфраструктури проекти за подобрување на условите за настава.

– Лично сметам дека во моментов во нашето општество како никогаш досега се зборува за промени во образованието и постои сплотеност помеѓу сите општествени чинители и заложба за истите да се случат, да бидат час поскоро реализирани, рече Царовска. Таа додаде дека кога постои сплотеност, идентична идеологија, визија и заложба и кај општинските власти и кај Владата, но и кај граѓанскиот сектор и граѓаните, тогаш поставените цели многу полесно се остваруваат.

Министерката нагласи дека покрај вложувањето во нови наставни програми и материјали за учење, како и влог во обука на наставниот кадар, инвестициите во унапредувањето на образовната инфраструктура се исто така суштински услов за подигнување на стандардите за квалитет на севкупниот образовен систем.

– И токму затоа, МОН одвои повеќе средства за оваа намена, а како дел од инвестицискиот план за тековната учебна година беше предвидено и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари каде со 4 милиони денари се замени кровната конструкција и се излезе во пресрет на барањето на раководството и општината за поддршка на локалните политики за унапредување на условите во училиштата, изјави Царовска, изразувајќи пофални зборови за локалната самоуправа во Кочани, која, како што рече, многу често самостојно презема иницијативи за инфраструктури зафати и наоѓа начини како истите да ги реализира.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе