Цените на нафтата на највисоки нивоа во последните три месеци

На Волстрит, цените на акциите вчера благо пораснаа, продолжувајќи ги добивките во текот на јули, додека инвеститорите ги очекуваат новите квартални деловни извештаи од компаниите.

Dow Jones зајакна за 0,28 отсто, на 35.559 поени, додека S&P 500 порасна за 0,15 отсто, на 4.588 поени, а индексот Nasdaq за 0,21 отсто, на 14.346 поени.

Истовремено, во осум од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите пораснаа, а највисоко, во просек за 2 отсто, во енергетскиот сектор, благодарение на растот на цената на нафтата, кои се на највисоките нивоа во последните три месеци.

Инвеститорите се воздржани, по силниот раст на цените на акциите во јули, петти месец по ред.

S&P 500 и Dow Jones индексот пораснаа за повеќе од 3 отсто минатиот месец, а Nasdaq за повеќе од 4 отсто. Во последните денови инвеститорите се фокусираат на кварталните деловни резултати на компаниите. Досега, повеќе од 160 компании од индексот S&P 500 ги објавија своите деловни резултати, при што околу 80 отсто од нив ги надминаа проценките на аналитичарите по заработка.

Затоа, во истражувањето на Reuters, сега аналитичарите проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во вториот квартал паднала за 6,4 отсто на годишна основа, додека пред една недела очекувале пад од 7,9 отсто. Но, на почетокот на јули се очекуваше пад на заработката од 5,7 отсто.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,07 отсто, на 7.699 поени, а париски CAC се зголеми за 0,28 отсто, на 7.497 поени. Франкфуртски DAX ослабе, пак, за 0,14 отсто, на 16.446 поени. Во текот на јули, индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за речиси 2 отсто.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе