Чао корона од Мик Џегер

Фронтменот на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер завчера неочекувано објави нов сингл, „Eazy Sleazy“, со кој го прослави завршувањето на локдаунот во Велика Британија.

Во песната, легендарниот британски рокер ги исмева негативните последици од животот дома за време на пандемијата.

„Се обидувам да напишам мелодија, подобро поврзи ме на Zoom“ и „премногу телевизија, тоа ми прави лоботомија“, се некои од стиховите на новата песна на Џегер.

Џегер, кој ја напишал песната пред неколку недели, се здружи виртуелно со гитаристот на „Фу фајтерс“, Дејв Грол.

„Тоа е песна што ја напишав за излегување од локдаун, со оптимизам што ни е многу потребен“, рече 77-годишниот Џегер.

„Целта ми е да ги отфрлам работите за кои пеам во стиховите. Станува збор за транзиција во, се надевам, пооптимистична состојба на умот“, додава тој.

Затоа Џегер во песната порачува: „Ќе побегнеме од овие затворски ѕидови“ и дека тоа ќе биде „ градина на земните задоволства“.

Пабовите во Велика Британија почнаа со послужување пијалоци на отворено во понеделникот, додека продавниците исто така отворија како дел од ублажувањето на локдаун мерките во земјата по три месеци „под клуч“.

Грол рече дека снимањето на песната со Џегер било „повеќе од остварување на сонот“.

„Баш кога мислев дека животот не може да стане пооткачен. Тоа е несомнено летен хит", додаде тој.

Remote video URL
реклама

Ги забележавте ли синоќа светлечките објекти на небото?

Read more

Eврокомесарот ја протна идејата да се поттурнат преговорите со Албанија

Read more

За да ја задоволи сопругата, Србин направи куќа која се врти

Read more

Животни херои од чија спасувачка акција постои снимка

Read more

Музика

Најдобрите песни наградени со Оскар

Read more

Фестивалот EXIT годинава ќе се одржи во јули

Read more

Чао корона од Мик Џегер

Read more

Видео снимка од Мараја Кери додека се вакцинира стана хит на интернет

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најсмешни комедии од новиот милениум

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за „Xtreme“ - новиот возбудлив трилер на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix пушти трејлер за научно фантастичниот „Awake“

Читај повеќе

Јубилејниот 20-ти „OFFest“ одложен за ноември

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите 10 цитати од „Star Wars“

Читај повеќе

Наскоро завршува снимањето на последната сезона на „La casa de Papel“

Читај повеќе
  • play_arrow

Одбран најсмешниот филм на сите времиња, дали се согласувате?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ченинг Тејтум: Мора да станам подобар актер за да не бидам постојано гол

Читај повеќе

Ќе се снима „Scarface and the Untouchable“, серија за Ал Капоне и Елиот Нес

Читај повеќе